Општина Аеродром воведува нов, транспарентен и целосно анонимен начин преку кој граѓаните ќе можат да дадат оцена и мислење за квалитетот на работењето на Општината, како и за работата на секој вработен поединечно.
Целта на оваа иницијатива е директно вклучување на граѓаните во процесот на унапредување на локалната самоуправа, преку идентификување на позитивните практики, како и на областите во кои постои простор за подобрување. На тој начин, Општина Аеродром се стреми кон поефикасно, поодговорно и поотворено институционално работење.
Анкетата е кратка, трае помалку од една минута, целосно е анонимна и при нејзиното пополнување не се прибираат лични податоци. Граѓаните можат да учествуваат со скенирање на QR-кодот поставен на официјалните информативни банери, по што се отвора кратка анкета што се пополнува со неколку клика.
Секоја оцена, мислење и искуство од граѓаните ќе послужи како значајна основа за унапредување на услугите и за подобрување на вкупниот квалитет на работењето на Општина Аеродром.
Општина Аеродром изразува благодарност до граѓаните за укажаната доверба и за активното учество во процесите што придонесуваат кон развој на поодговорна и сервисно ориентирана локална самоуправа.
23.12.2025 година
Општина Аеродром
31-01-26
Секое семејство со живеалиште во Општина Аеродром кое во текот на 2026 година добило новороденче или посвоило дете до една година, ќе добие еднократна парична помош во износ од 8.000 денари.