Визија

Аеродром - најурбана и најмодерна општина!

 

Визијата на Општина Аеродром е богата иднина на една европска општина, која секогаш ќе го надградува својот модерен изглед. Иако млада, веќе се смета за напредна општина со урбан дух.

 

Општина Аеродром е стабилна и просперитетна средина, економски развиена, општина со плански уредена инфраструктура и високо развиена еколошка свест. Аеродром е европска и ефикасна локална заедница отворена за соработка. Во таа насока образовните, културните и спортските институции се прилагодени според потребите на граѓаните.

 

Општина Аеродром нуди сигурност и оптимизам за секој граѓанин, секое семејство, секој повозрасен граѓанин или дете, овозможувајќи им полека, но сигурно, да го остваруваат својот сон.

Како локална самоуправа, Општина Аеродром ги следи очекувањата на граѓаните и настојува ефективно и ефикасно да понуди решение на нивните потреби и проблеми.

 

Меѓу поважните принципи кон кои се стреми Општина Аеродром се почитување на законите и актите, одговорност, отчет, почитување и информирање на граѓаните. Размена на искуствата и знаењата со други општини во Република Северна Македонија и во Европа е, исто така, еден од принципите за развивање на општината.

 

Преку перманентно спроведување на стручно оспособување за квалитетот на вработените, Општина Аеродром како досега, така и во иднина ќе настојува да ги елиминира евентуалните недостатоци, кои би можеле да предизвикаат неповолно влијание на целата заедница.

 

Актуелно

img
img img

Видео