Општините, во рамките на законот, во согласност со начелото на супсидијарност, имаат право на своето подрачје да ги вршат работите од јавен интерес од локално значење, што не се исклучени од нивна надлежност или не се во надлежност на органите на државната власт.
(1) Општините самостојно, во рамките на законот, ги уредуваат и вршат работите од јавен интерес од локално значење, утврдени со овој или друг закон и се одговорни за нивното вршење. (2) Со законот со кој се утврдуваат други надлежности на општината се определуваат и изворите на финансирање за вршење на тие надлежности. (3) Надлежностите од ставот (1) на овој член по правило се целосни и исклучиви и не смеат да бидат одземени или ограничени, освен во случаите утврдени со закон.
(1) Органот на државната управа може да го делегира извршувањето на определени работи од своја надлежност на градоначалникот, во согласност со закон. (2) Во случаите од ставот (1) на овој член се пренесуваат и средствата предвидени во Буџетот на Република Северна Македонија за извршување на тие работи. (3) Начинот на извршување на работите од ставот (1) на овој член може да се приспособи на локалните услови, со почитување на стандардите утврдени со закон. (4) Органот на државната управа од ставот (1) на овој член е супсидијарно одговорен за извршувањето на делегираните работи.
(1) Заради извршување на своите надлежности, општините можат да основаат јавни служби, во согласност со закон. (2) Општината може да го делегира вршењето на одредени работи од јавен интерес од локално значење на други правни или физички лица, врз основа на договор за извршување на работи од јавен интерес, во согласност со закон. (3) Општината е супсидијарно одговорна за извршувањето на работите од јавен интерес од ставовите (1) и (2) на овој член.
ЗАКОНИ
11-11-24
Општина Аеродром започнува средби со граѓани на кои ќе се даваат предлози и идеи за креирање на општинскиот буџет за 2025 година.