Сузана Павловска е родена на 8.4.1982 г. во Велес.
Основно образование завршува во ООУ „Кузман Шапкарев“ во Драчево, а средно образование ‒ Општа гимназија во СУГС „Браќа Миладиновци“ ‒ Скопје.
Во 2004 г. дипломира на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“‒ Скопје и од 2008 година работи како одделенски наставник во ООУ „Гоце Делчев“ Горно Лисиче, поточно во подрачното училиште во Долно Лисиче.
Во текот на својата кариера покажува силна посветеност кон воспитно-образовниот процес, учествува во многубројни стручни обуки и семинари, координатор е на многу училишни проекти за унапредување на наставната практика.
Во периодот од 2021 до 2025 година ја извршува функцијата член на Советот на Општина Аеродром, одговорно и професионално ги исполнува зададените обврски, активно учествува на седниците и членува во повеќе комисии во рамките на Советот на Општина Аеродром.
s.pavlovska@aerodrom.gov.mk
15-01-26
Општина Аеродром објави оглас за давање под закуп на урбана опрема – покриен шанк, по пат на електронско јавно наддавање, што ќе се спроведе преку електронскиот систем www.e-stvari.mk.