КРАТКА БИОГРАФИЈА
Златко Марин победи во првиот круг на локалните избори на 15.10.2017 година како градоначалник на Општина Аеродром, со што обезбеди четиригодишен мандат на оваа функција.
Златко Марин е роден на 14 јули 1978 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и се стекнал со звање дипломиран професор по физичко и здравствено воспитание.
Во период од 2005 до 2012 година ја извршувал функцијата член на Советот на Општина Аеродром. Во периодот од 2002 до 2005 година е именуван за член на надзорен одбор на ЈСП - Скопје.
Златко Марин важи за млад и динамичен политичар, отворен и достапен за сите граѓани.
Следуваат четири години напорна работа, големи промени и предизвици, а ветувањата кои се дадени остануваат главен мотив и уште од првиот ден работи на нивна реализација.
Неговата цел е јасна – подобар живот за сите во Општина Аеродром.
12-01-21
Јавниот повик за избор на асистенти за деца со посебни потреби што го распиша Општина Аеродром истекува в петок, 15 јануари.