„ПЧЕЛКА 1“ ВО НАСЕЛБА ЛИСИЧЕ ДОБИВА СОСЕМА НОВ ДОМ

Денеска, в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, го потпиша договорот за изградба на новиот објект на градинката „Пчелка 1“, најстарата градинка во Општина Аеродром.

Со овој проект, не рушиме само ѕидови, туку завршуваме едно поглавје полно со спомени и отвораме ново, посветено на иднината на нашите најмали.

Во градинката ќе растат уште многу генерации, но во нов, модерен, безбеден и топол објект што ќе згрижува 265 дечиња, далеку повеќе од сегашниот капацитет.

Површина од 2.600 м², многу нови занимални, современи услови и безбедна околина. По завршување на тендерската постапка, објектот ќе се гради во три фази, внимателно и со љубов, затоа што не градиме само градинка, градиме спомени, детство и сигурна иднина за секое дете.

Ова е уште една потврда дека кога вистински се грижиме за децата, се грижиме за иднината на Аеродром.

Градиме за најмалите. Градиме иднина.

 

7.8.2025 година

Општина Аеродром

 

 

 

 

Актуелно

img
img img

Видео