Општина Аеродром обезбеди за граѓаните секоја сабота и секоја недела по шест бесплатни термини за тенис и тоа од 08:00, од 09:00, од 12:00, од 13:00, од 14:00 и од 16:00 часот.
Еден термин, кој трае по еден час, ќе можат да го користат двајца или четворица за „дабл" игра.
Граѓаните кои ги користат тениските игралишта со себе треба да носат соодветни обувки за да не се уништува теренот и документ за лична идентификација, од кој се гледа дека се жители на Општина Аеродром.Термини за бесплатен тенис можат да користат исклучиво граѓани кои се занимаваат рекреативно со тенис, но не и професионални тенисери.
Инаку, граѓаните кои се заинтересирани за користење бесплатни термини на тениските игралишта можат да се пријават на општинската електронска пошта: besplatentenis@aerodrom.gov.mk и да остават податоци за име, презиме и телефон за контакт, името и презимето на лицето, односно лицата, со кои ќе го користат терминот, како и терминот за кој се заинтересирани.
Граѓаните се избираат по принципот - кој прв ќе закаже термин за бесплатно користење на тениското игралиште и тоа од понеделник од 08:30 часот до петок до 10:00 часот за претстојниот викенд, по што на општинската интернет страница www.aerodrom.gov.mk секој петок во 10:00 часот се објавува неделна листа со име и презиме на корисниците. Истиот принцип на пријавување важи за секоја наредна недела. Доколку има повеќе пријавени граѓани од капацитетот на игралиштата, предност ќе имаат граѓаните кои не ги користеле терените претходната недела.
Бесплатните термини за тенис можат да ги користат само жителите на Општина Аеродром.
07-08-25
Денеска, в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, го потпиша договорот за изградба на новиот објект на градинката „Пчелка 1“, најстарата градинка во Општина Аеродром.