13.11.2025 14:29:13
Со свечено поставување на камен-темелник денеска официјално започна изградбата на новата спортска сала во рамките на ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин, со што стартува втората фаза од доградбата на ова училиште - еден од најзначајните и најголеми капитални проекти во Општина Аеродром.
12.11.2025 11:08:07
Во Општина Аеродром започнува имплементацијата на проектот „Фискална едукација“, со што таа станува прва општина во државата што ја воведува оваа едукативна програма во наставниот процес во рамките на основните училишта.
12.09.2025 13:32:41
ООУ „Димитар Македонски“ во населба Лисиче ја доби првата сензорна соба.
02.09.2025 11:53:03
Општина Аеродром и оваа година набави 915 таблети за четвртоодделенците, како и 7 500 бесплатни униформи за сите ученици во основните училишта.
19.08.2025 10:50:22
В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, утрово ги посети основните училишта „Браќа Миладиновци“, „Блаже Конески“, „Љубен Лапе“ и „Александар Македонски“, кои ги завршуваат последните подготовки пред почетокот на новата учебна година
04.07.2025 13:13:39
Во текот на летниот период интензивно се работи на подобрување на условите во детските градинки и во основните училишта во Општина Аеродром, каде што покрај редовното бојадисување и темелно чистење, се вршат и поголеми зафати.
02.07.2025 11:43:21
Општина Аеродром и оваа година ќе доделува еднократна парична помош за семејствата чие дете е прваче во едно од основните училишта на територијата на општината во висина од 3.500 денари. Рокот за пријавување е од денеска, 2 јули до 30 септември 2025 година.
14.05.2025 12:53:46
Долно Лисиче за првпат добива спортска сала во рамките на подрачното основно училиште „Гоце Делчев“ со површина од 650 м2.
12.03.2025 11:27:55
Општина Аеродром издаде одобрение за доградба и надградба на ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче и со овој проект веќе е аплицирано на вториот јавен повик од Владата за финансиска поддршка на општините за реализација на инфраструктурни проекти.
11.03.2025 10:57:20
Општина Аеродром ги ослободува од плакање надоместок одредени категории родители и старатели за престој на нивните деца во двете детски градинки „Буба Mара“ и „Срничка“.
20-11-25
Општина Аеродром ја продолжува исплатата на финансиските средства по поднесените барања за еднократна парична помош за првачиња и новороденчиња, потврдувајќи ја својата посветеност кон семејствата и најмладите жители на општината.