(1) Градоначалникот:
1. Ја претставува и застапува општината; 2. Ја контролира законитоста на прописите на советот; 3. Ги објавува прописите на советот во службеното гласило на општината; 4. Го обезбедува извршувањето на одлуките на советот, 5. Го обезбедува извршувањето на работите коишто со закон и се делегирани на општината; 6. Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на советот; 7. Го предлага годишниот буџет и годишната сметка на буџетот на општината; 8. Го извршува буџетот на општината; 9. Избира директори на јавните служби кои ги основала општината, врз основа на јавен конкурс; 10. Редовно го известува советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со статутот; 11. Решава во управни работи за права, обврски и интереси иа правни и физички лица, во согласност со закон; 12. Донесува правилник за систематизација на работните места на општинската администрација; 13. Раководи со општинската администрација; 14. Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон. 15. Обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на општината, во согласност со закон и статутот и 16. Врши други работи утврдени со закон и со статутот. (2) Градоначалникот може да овласти раководен службеник на општината да ја води постапката и да решава во управни работи, како и да потпишува акти..
(1) Ако градоначалникот смета дека прописот на советот не е во согласност со Уставот и законите, должен е во рок од седум дена од денот на доставувањето со решение да го запре неговото објавување, со кое ќе ги образложи причините за запирањето. (2) Советот е должен, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на решението од ставот 1 на овој член, да го разгледа решението и да одлучи по него. (3) Ако советот го потврди прописот, градоначалникот е должен да го објави и истовремено да поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на оспорениот пропис пред Уставниот суд на Република Северна Македонија. (4) За иницијативата од ставот (3) на овој член градоначалникот е должен да го информира министерството надлежно за вршење на работите што се однесуваат на локалната самоуправа.
17-01-25
Со пригодни настани на две локации на 19 јануари (недела) во Општина Аеродром ќе се одбележи верскиот празник Водици или Богојавление, денот кога Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан.