Советот на Општина Аеродром на 58-та седница, која се одржа на 27.1.2012 година, донесе Одлука за утврдување на новите симболи на Општина Аеродром, со која практично се усвои мнозинското мислење на граѓаните.
Како најсоодветно решение беше избран предлогот на авторот Љупчо Џуровски.Станува збор за решение слично на старите симболи, но кое овојпат ги задоволува основните хералдички и вексилолошки критериуми. Имено, идејното решение за грб претставува штит во триаголна форма, во бордо-црвена боја, обрабен со сребрена боја.
Во центарот на штитот е поставен стилизиран монограм „А“ во сребрена боја.Над штитот се наоѓа челенка од златен појас со стилизиран флорален приказ во мозаик, а врз него златен сончев полудиск со мноштво зраци.
Идејното решение за знаме, пак, претставува апликација на грбот во центарот на знамето врз златно-жолто ромбоидно поле обрабено со два
црвени триаголници горе лево и долу десно.
Конкурсот за избор на нови симболи на Општината беше распишан поради тоа што старите не беа во согласност со хералдичките и вексилолошките стандарди.
06-12-24
Денеска во просториите на Општина Аеродром се спроведува крводарителска акција во соработка со Црвен крст.