Дејан Митески беше избран за претседател на Советот на Општина Аеродром на денешната конститутивна седница, на која беше верифициран и мандатот на новите членови.
Тој порача дека ќе се залага Советот да игра конструктивна улога во работата на Општината, со цел да придонесе за подобрување на условите за живот на граѓаните.
„Од оваа говорница можам да порачам дека ќе работам транспарентно, одговорно и чесно со единствена цел – просперитет на Општина Аеродром што им го должиме на нашите граѓани“, изјави Митески, преземајќи ја функцијата претседател на Советот на Општина Аеродром.
Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, честитајќи им го изборот, им посака успешна работа на новите советници и нагласи дека очекува конструктивна работа на Советот.
„Се надевам дека ќе имаме добра соработка и дека сите ќе бидеме на иста линија на размислување кога е во прашање развојот на општината. Доколку на сите ни е тоа крајна интенција и цел во секој момент при одлучувањето и во Советот и во нашето секојдневно работење заедно со општинската администрација, која исто така има значајна улога, верувам дека на крајот на нашиот мандат сите ќе бидеме задоволни од тоа што сме го сработиле“, изјави Муцунски.
1.11.2021
Општина Аеродром
23-12-24
Со гордост најавуваме дека Општина Аеродром е дел од новиот проект за Car Sharing, реализиран како партнерство Владата и компанијата Авант Кар Македонија, со седиште во Словенија. Овој иновативен пилот-проект е дизајниран да го направи патувањето низ градот поекономично, поефикасно и поеколошко.