В ПОНЕДЕЛНИК 54. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ
На 10.3.2025 година (понеделник) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи педесет и четвртата седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:
1. Предлог-заклучок за усвојување годишен извештај за работа на ПСОН Аеродром за 2024 година
2. Завршна сметка на буџетот на Општина Аеродром за 2024 година
3. Предлог-заклучок за усвојување годишен извештај на Општина Аеродром за 2024 година
4. Предлог-правилник за начинот, условите и постапката за доделување на годишни признанија и награди на Општина Аеродром
5. Предлог-одлука за доделување еднократна парична помош на семејството Башовски за полесно надминување на последиците од претрпена штета предизвикана од пожар
6. Предлог-одлука за исплата еднократна парична помош по однос на поднесени поединечни барања од областа на социјалната заштита
7. Предлог-одлука за донесување на План за парцелација за ГП 1.10 во опфатот на измена и дополнување на ДУП за населба Лисиче бараки УБ 2, Општина Аеродром - Скопје
8. Предлог-заклучок за усвојување Информација број 18-235/2 од 17.2.2025 година од Одделението за урбанизам и подготовка на урбанистички планови за техничка исправка во ДУП за градска четврт СИ 12, Блок 02 - Општина Гази Баба, Општина Аеродром - Скопје (Одлука бр.09-127/6 од 30.5.2024) за ГП2.1 со тех. бр. 0801-05-04/21/ТИ-1 од 01.2025 год.
9. Предлог-програма за изменување и дополнување на Подпрограма Ф1– урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Аеродром за 2025 година
10. Предлог-одлука за прифаќање на Иницијатива за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објект со намена Г4.1 – отворени, полузатворени и затворени складишта за индустриска стока, дистрибутивни центри со складови, на КП 2800,КП 2801 и КП 2802 – КО Горно Лисиче вон град – Општина Аеродром
11. Предлог-одлука за прифаќање на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за КП 850, КО Долно Лисиче - вон град, Општина Аеродром, со основна класа на намена Г3 - индустрија за склопување на финални производи и сервисни услуги
12. Предлог-одлука за прифаќање Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г4.1 – отворени, полузатворени и затворени складишта за индустриска стока, дистрибутивни центри со складови, на КП 2657/6 КО Горно Лисиче и КП 2657/11 КО Горно Лисиче – вон град, Општина Аеродром
13. Предлог-одлука за прифаќање Иницијатива за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објект со намена Г4.1 – Лесна градежна индустрија со производство на градежни елементи и производи, погони и бази за производство на асфалт и бетон на КП 1250 КО Долно Лисиче – вон град Општина Аеродром.
14. Предлог-одлука за прифаќање Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г2 – Индустриски згради од други преработувачки индустрии со помалку загадувачки процеси – фабрички комплекси на дел од КП 903/1, КО Долно Лисиче вон град, Општина Аеродром
15. Предлог-одлука за прифаќање Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г2.3 Индустриски згради од други преработувачки индустрии со помалку загадувачки процеси - фабрички комплекси на КП 2668/1 и 2668/2, КО Горно Лисиче вон град, Општина Аеродром - Скопје
16. Предлог-одлука за прифаќање Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објект со намена Г2 – лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија на КП бр.2753, КП бр.2754 и КП бр.2755/1, КО Горно Лисиче - вон град, Општина Аеродром - Скопје
17. Предлог-одлука за прифаќање Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање градежна парцела со намена Г3.3- сервиси за одржување на специјализирана опрема, алати и инструменти на КП бр.2660/3, КО Горно Лисиче, Општина Аеродром,
18. Предлог-одлука за прифаќање Урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план на дел од КП 2790, дел од КП 2791, дел од КП 2793/2, КП 2793/1, КО Горно Лисиче вон град, Општина Аеродром КП 2793/8, КП 2793/9
19. Предлог-одлука за прифаќање урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г 4.1 отворени, полузатворени и затворени складишта за индустриска стока на КП бр.2843/1 КО Горно Лисиче – вон град, Општина Аеродром
20. Предлог-одлука за утврдување на начинот на реализација на урбанистички план за село Долно Лисиче
21. Советнички прашања
27.2.2025
Општина Аеродром