Денеска градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и директорот на ЈП Водовод и канализација, Иван Митровски, извршија увид во градежните активности за целосна реконструкција на улицата „Лисец“, крак лево, во Горно Лисиче.
Реконструкција на улица во должина од 515 метри опфаќа:
Поставување нов тампонски слој и нов асфал;
Над 2.600 м² нова асфалтна површина;
Изградба на нова водоводна мрежа;
Овој значаен и капитален проект е во вредност од околу 16,5 милиони денари и се реализира со поддршка од Владата.
„Лисец“ е една од пофреквентните улици во овој дел од Општина Аеродром, а со реконструкцијата жителите по подолг период добиваат целосно уредена и модернизирана сообраќајница.
Со новата инфраструктура значително се зголемува безбедноста на пешаците и на возачите, како и на квалитетот на живеење во населбата.
Во наредниот период започнуваме реконструкција и на други улици што се под надлежност на Општината.
Продолжуваме со силно темпо и јасна визија – повеќе инвестиции во инфраструктурата, поголема безбедност за сите наши сограѓани.
10.3.2026 година
Општина Аеродром
10-03-26