На 7.2.2025 година (петок) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи педесет и третата седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:
1. Предлог-одлука за верификација на мандатот на член на Совет на Општина Аеродром
2. Предлог-одлука за давање согласност на Иницијатива за донација во форма на изработка на студија за исплатливост за имплементација на паметен систем за јавно улично осветлување во Општина Аеродром
3. Предлог-одлука за усвојување на Извештај на централна пописна комисија, за извршен попис во Општина Аеродром со состојба на ден 31.12.2024 година
4. Предлог-одлука за давање согласност на тримесечен извештај (октомври, ноември и декември 2024 година) за финансиско работење на Јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром
5. Предлог-заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Аеродром за четвртиот квартал од 2024 година
6. Предлог-одлука за одобрување на дополнителни финансиски средства на основни училишта и детски градинки на територијата на Општина Аеродром
7. Предлог-одлука за изменување и дополнување на Потпрограма Ф1-урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Аеродром за 2025 година
8. Предлог-одлука за утврдување на Нацрт Измена и дополнување на ДУП за градска Четврт И17, блок И17.03, Општина Аеродром, Скопје Плански период 2024-2029
9. Советнички прашања
3.2.2025
Општина Аеродром
15-04-25
В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска заедно со министерот за локална самоуправа, Златко Перински, беа на две локации каде што се работи на реализација на инфраструктурни проекти финансирани преку првиот повик на Владата на Република Македонија за поддршка на општински инфраструктурни проекти.