Општина Аеродром по барање на граѓанитеи во соработка со Јавното претпријатие „Градски паркинг“ почна кампања за информирање на граѓаните за бенефициите од зонското паркирање што треба да се спроведе во населбата Мичурин.
Паралелно со информативната кампања, се реализира и теренска анкета преку која граѓаните имаат можност да го искажат својот став за иницијативата за регулирање на паркирањето во овој дел од општината.
Со реализација на проектот се очекува конечно да се реши проблемот со паркирањето што ќе овозможи нови паркинг-места, бесплатно и сигурно паркирање за станарите, како и крај на проблемите со недостиготодпаркинг-места и узурпирањето на паркингот од хаварисани возила.
Апелираме до граѓаните да се вклучат во анкетата, а по нејзиното завршување, Општина Аеродром ќе ги преземе сите неопходни активности за реализација на овој проект.
30.10.2024 година
Општина Аеродром
16-12-24
Општина Аеродром и Џевахир Мол Скопје ве покануваат на незаборавна предновогодишна забава на 21 декември (сабота) со почеток во 18:30 часот што ќе се одржи пред платото на трговскиот центар каде што ќе настапат врвни македонски ѕвезди.