Спектакуларна предновогодишна забава „Аеродром пулсира vol.3”

 

Општина Аеродром и Џевахир Мол Скопје ве покануваат на незаборавна предновогодишна забава на 21 декември (сабота) со почеток во 18:30 часот што ќе се одржи пред платото на трговскиот центар каде што ќе настапат врвни македонски ѕвезди.

Четиричасовната музичка програма е приспособена за сите генерации и за сите музички вкусови. Вечерта со свој настап ќе ја отворат легендарните Игор Џамбазор и Гуру Харе со нивните безвременски музички дела.

Потоа публиката ќе ја раздвижи Тони Зен, кој е една од најголемите рап ѕвезди во Македонија и во регионов, а по него ќе настапат Пајак и Лара, чии хитови помладата генерација секогаш ги пее во еден глас.

Ѕвезда на вечерта ќе биде неверојатната и единствена Каролина Гочева, која со својот прекрасен вокал ќе внесе посебна магија на предноводишното шоу.

Покрај настапите на овие врвни музички имиња, ќе има голем број изненадувања за присутните, а целиот настан ќе заврши со величествен огномет, со што ќе се одбележи успешната 2024, со надеж дека доаѓа уште подобра 2025 година за сите граѓани.

Ве очекуваме сите заедно да пееме, да се дружиме и да пулсираме во ритамот на квалитетната македонска музика со што ќе создадеме незборавни мигови вредни за паметење.

 

16.12.2024 година

Општина Аеродром

 

 

 

 

Актуелно

img
img img

Видео