Општина Аеродром апелира до Град Скопје итно да изнајде решение и да постави соодветна сообраќајна сигнализација на раскрсницата што се наоѓа на улицата „Коста Новаковиќ“ кај ООУ „Љубен Лапе“.
Станува збор за многу прометна сообраќајница каде што особено во утринските часови се создава метеж, пред почетокот на наставата, кога учениците одат пеш кон училиштето или родителите ги носат со возила во тој период од денот.
Утрово на посочената локација излегоа в.д градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, и командирот на полициската станица во Аеродром,Тони Петровски, заедно со тим од полицијата со цел да ја увидат фактичката состојба и да постават ред за безбедно одвивање на сообраќајот.
Во наредниот период на критичната точка ќе се постави полициско службено лице што ќе врши регулирање на возилата и пешаците пред почетокот на првиот училиштен час, но бидејќи станува збор за улица под надлежност на Град Скопје, потребно е да се постават семафори, со што трајно ќе се реши овој проблем.
Општина Аеродром во соработка со МВР вакви и слични превентивни мерки спроведува во непосредна близина на сите основни училишта со цел учениците безбедно да стигнуваат на настава, а и да се подигне свесноста кај сите чинители во сообраќајот.
3.9.2024 година
Општина Аеродром
23-12-24
Со гордост најавуваме дека Општина Аеродром е дел од новиот проект за Car Sharing, реализиран како партнерство Владата и компанијата Авант Кар Македонија, со седиште во Словенија. Овој иновативен пилот-проект е дизајниран да го направи патувањето низ градот поекономично, поефикасно и поеколошко.