О Г Л А С за издавање под закуп на училиштен простор во ООУ „Љубен Лапе“
Врз основа на член 7 од Правилникот за постапката, начинот и условите за давање на користење на училиштен простор и спроведување на други активности во врска со основните училишта на Општина Аеродром бр.09-61/3 од 10.02.2020 година и член 7 а од Правилникот за измена и дополнување за постапката, начинот и условите за давање на користење на училиштен простор и спроведување на други активности во врска со основните училишта на Општина Аеродром бр.09-77/2 од 12.03.2021 година, ООУ „Љубен Лапе“ Општина Аеродром – Скопје објавува
О Г Л А С
за издавање под закуп на училиштен простор во ООУ „Љубен Лапе“ Општина Аеродром – Скопје за учебната 2024/2025 година
1.ЗАКУПОДАВЕЦ:
ООУ „Љубен Лапе“ Општина Аеродром – Скопје, со седиште на бул.„Васко Карангелески“ бр.2, 1000 Скопје,
2.ПОНУДУВАЧ :
Право да поднесе барање за закуп на наведената недвижност има секое заинтересирано домашно и странско физичко и правно лице кое е регистрирано за вршење на дејност согласно со предметот за закуп.
3.ПРЕДМЕТ НА ЗАКУП
3.1 Фискултурна сала во ООУ „Љубен Лапе“ Општина Аеродром – Скопје со површина од 538 м2 со 2 гардероби и 2 тоалети.
3.2 Училишен хол во ООУ„Љубен Лапе“ Општина Аеродром – Скопје – со површина од 50 м2
3.3 Училница број 1 во ООУ„Љубен Лапе“ Општина Аеродром – Скопје со површина од 52 м2
3.4 Училница број 2 во ООУ „Љубен Лапе“ Општина Аеродром – Скопје со површина 55 м2
3.5 Друг административно деловен простор во ООУ„Љубен Лапе“ Општина Аеродром – Скопје со површина од 25 м2
Закуподавецот ги издава просториите наведени во точките 3.1, 3.2, 3.3, 3.4, 3.5 по пат на прибирање на писмени понуди.
Времетраење на закупот на училиштниот простор е до 10.06.2025 година.
Училишниот простор се издава под закуп во видена состојба.
Критериум за избор на најповолен понудувач е највисоката понудена закупнина.
Минималната висина на закупнината е определена во дополнителната документација потребна за огласот.
Времетраење на огласот е 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето на огласот.
Понудувачот треба да ја подигне и достави документацијата во рок од 5 работни дена од објавувањето на огласот.
Понудувачот треба понудите да ги достави на документација потпишана и заверена од страна на закуподавецот.
Понудувачот со понудата треба да ги достави и потребните документи кои не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци, а се доставуваат во оригинал или копија заверена од понудувачот.
Клубови кои можат да конкурираат за термини во фискултурната сала се тие кои работат со следните спортови: кошарка, јога, одбојка, џудо, теквондо, карате, пилатес, аеробик, зумба, аикидо, кик – бокс, јапонски вештини, бокс, танци и ора, модерен танц, балет, гимнастика, џит – кун до, ракомет и мечување.
Документацијата во која подетално е наведена недвижноста која што е предмет на закуп како и другите услови кои што задолжително мора да ги исполнуваат понудувачите, може да ги подигне само овластено лице од страна на понудувачот секој работен ден од 09:00 до 12:00 часот во просториите на ООУ „Љубен Лапе“ Општина Аеродром – Скопје – архива.
Понудата која што нема да биде доставена на документација потпишана и заверена од страна на понудувачот како и понуда која што нема да ги содржи сите потребни документи ќе се смета за некомплетна и како таква нема да биде разгледувана.
Понудата од физичко или правно лице, за која ќе се утврди дека по било кој основ има неплатени обврски cпрема училиштето, нема да биде разгледувана.
Пристигнатите понуди ќе се отвараат без присуство на понудувачите.
Сите понуди кои ќе пристигнат подоцна нема да се разгледуваат.
ООУ „Љубен Лапе“ Општина Аеродром – Скопје
Комисија за издавање на училиштен простор под закуп