Општина Аеродром ги поканува граѓаните на свеченоста по повод Илинденскиот марш

 

Општина Аеродром ги поканува граѓаните на свечениот настан што ќе се одржи утре, 27 јули, на кој ќе се испратат коњаниците од Илинденскиот марш до славното Крушево, каде што на 2 август ќе се приклучат кон одбележувањето на големиот празник Илинден.

Традиционално, коњичкиот марш ќе започне од паркот „Јане Сандански“ во 17:00 часот кога на коњаниците ќе им биде предадено општинското знаме. 

Потоа, придружувани од фаланга и игроорци од КУД „Никола Јонков Вапцаров“, со звуците на зурлите и тапаните, тие ќе се упатат кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, минувајќи низ главните булевари на општината.

Пред испраќањето на илинденците, во црквата со почеток од 18:30 часот ќе се одржи свечена литургија, по што следува богата музичка програма со настап на познати македонски естрадни уметници.

Општината и оваа година финансиски го поддржува Илинденскиот марш како една од најголемите и најзначајните манифестации во Аеродром, со што се негуваат традицијата и македонската култура.

 

26.7.2024 година

Општина Аеродром

 

Актуелно

img
img img

Видео