Јавен повик

 Врз основа на Договорот за соработка меѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ) и Договорот за соработка - Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и Општина Аеродром за спроведување на проектот „Зелен и инклузивен раст за одржлив развој“, на 12.6.2024 година се објавува:

 

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата за општинско-корисна работа

 

Се повикуваат сите евидентирани невработени лица што се заинтересирани да се вклучат во Програмата за општинско-корисна работа, проект „Социјални услуги на лица во трета доба“ за работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување вештини и постепено вклучување на пазарот на трудот, да се пријават во Агенцијата за вработување - Центар за вработување Скопје.

Евидентираните невработени лица што немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно со услугата што треба да се испорачува, ќе бидат вклучени во програмата, при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.

Вкупниот период на вклученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци, во кој влегуваат обуката и работниот ангажман.

Евидентираните невработени лица што ќе бидат вклучени во Програмата за општинско-корисна работа ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часа неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата што не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера, согласно со услугата што треба да се испорачува и за време на  работниот ангажман од 6 (шест) месеци / 9 (девет) месеци, статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица корисници на паричен надоместок и на корисници на право на гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање, ќе им биде активно претходно остварено право.

Право на учество во Програмата  за општинско-корисна работа имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата што првпат се јавуваат за учество во Програмата.

За кандидатите што ќе бидат избрани и вклучени во Програмата за општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750,00 денари бруто-износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица што ќе се пријават за учество во Програмата  за општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следниве целни групи невработени лица:

- долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години),

- млади лица до 29 години,

- лица постари од 50 години,

- невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на коронавирусот КОВИД-19,

- лица корисници на гарантирана минимална помош,

- лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност,

- лица што имале статус на деца без родители и родителска грижа

- самохрани родители.

- невработени лица

Работните позиции што се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на:

- помагател на стари лица (со минимум ССС) – 5 работни места

Заинтересираните невработени лица може да поднесат пријава за учество во Програмата за општинско-корисна работа во Агенцијата за вработување - Центар за вработување Скопје, во периодот од 12.6.2024 до 18.6.2024 година, од 8:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување договор меѓу Општина Аеродром и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата за општинско-корисна работа можат да се добијат во Општина Аеродром кај лицата: Горан Стојанов, Зорица Јаќимовска и Светлана Радеска, Агенција за вработување - Центар за вработување Скопје, кај лицето Никола Ѓуровски, и во Центарот за социјaлна работа Скопје, кај лицето Жанина Петров.

Актуелно

img
img img

Видео