СООПШТЕНИЕ

 

Кризниот штаб на Општина Аеродром на чело со заменик-градоначалникот Дејан Митески е мобилизиран и подготвен да реагира на предизвиците што може да се појават откако попладнево почна да дува силен ветер со најава за големо невреме. Мобилни екипи веќе се излезени на терен и вршат расчистување на јавните површини.


Доколку граѓаните забележат паднати дрвја врз автомобили или други објекти, потребно е да пријават во полиција, која треба да направи увид и записник, по што општинските екипи ќе го расчистат теренот. Штети и паднати дрвја може да се пријавуваат и на телефонскиот број 072/270-886.

Општина Аеродром апелира до граѓаните и до возачите без поголема потреба да не излегуваат додека трае невремето! Наша најважна обврска е да ги заштитиме граѓаните и нивните имоти и да го минимизираме ризикот од поплави и од други штети.

 

 

Актуелно

img
img img

Видео