На 12.3.2023 година (вторник) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи четириесет и првата седница на Советот на Општината.На дневен ред на седницата се следниве точки:
1. Завршна сметка на Буџетот на Општина Аеродром за 2023 година
2. Предлог-заклучок за усвојување Годишен извештај на Општина Аеродром за 2023 година
3. Предлог-одлука за давање согласност на тримесечен извештај (октомври, ноември и декември 2023 година) за финансиско работење на Јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром
4. Предлог-одлука за изменување на Одлуката за уредување на постапката за планирање, реконструкција и изградба на пристапни патишта низ земјоделско земјиште
5. Предлог-одлука за доделување еднократна парична помош на семејството Јолевски заради полесно надминување на последиците од претрпена штета предизвикана од пожар
6. Предлог-одлука за измена на Деловникот за работа на Советот на Општина Аеродром
7. Предлог-заклучок за усвојување Годишен извештај за работата на Одделението за инспекциски работи за 2023 годинa
8. Предлог-заклучок за давање согласност на Извештај за работата на ЈП Лајка во Општина Аеродром јануари ‒ декември 2023 година
9. Советнички прашања
6.3.2024
Општина Аеродром
23-12-24
Со гордост најавуваме дека Општина Аеродром е дел од новиот проект за Car Sharing, реализиран како партнерство Владата и компанијата Авант Кар Македонија, со седиште во Словенија. Овој иновативен пилот-проект е дизајниран да го направи патувањето низ градот поекономично, поефикасно и поеколошко.