Со објавување на огласот за спроведување јавна набавка за изведба на градежни активности, Општина Аеродром ја започна постапката за реализација на доградбата и надградбата на основното училиште „Блаже Конески“ во населбата Мичурин, кое се наоѓа во еден од најгусто населените делови од општината. Со оваа инвестиција, ќе се обезбедат дополнителни капацитети за учениците и наставниците, а ќе го реши проблемот со недостаток на места во основните училишта. Инвестицијата предвидува зголемување на капацитетот на училиштето во две фази за дополнителни 26 училници, 13 наставнички кабинети, голем централен хол, дополнителна спортска сала, просторија за библиотека и трпезарија со кујна на вкупна површина од околу 2500 квадратни метри. Оваа вест на својот Фејсбук профил ја соопшти градоначалникот Тимчо Муцунски, кој потенцираше дека со оваа инвестиција училиштето ќе стане едно од најмодерните училишта каде учениците ќе имаат можност да растат и да учат во најмодерни услови, согласно сите европски стандарди. Линк до објавата: https://www.facebook.com/reel/1668977377241972
16.02.2024
Општина Аеродром
11-11-24
Општина Аеродром започнува средби со граѓани на кои ќе се даваат предлози и идеи за креирање на општинскиот буџет за 2025 година.