ОПШТИНА АЕРОДРОМ И ГОДИНАВА ДОДЕЛУВА ЕДНОКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ ЗА НОВОРОДЕНЧИЊА

 

Општина Аеродром и годинава доделува еднократна парична помош за новороденчиња во висина од 8 000 денари.

Барање за парична помош можат да поднесат семејствата со новороденче родено во 2025 година на подрачјето на Општина Аеродром.

Потребни документи за аплицирање:

1. Фотокопија од извод од матичната книга на родените (за новороденчето) или

2. за посвоено дете: фотокопија од извод од матичната книга на родените (за новороденчето) и фотокопија од примерок од Решение за посвојување/адoпција

3. На увид важечка лична карта или патна исправа од барателот.

4. Барање за доделување еднократна парична помош и Изјава за согласност за обработка на лични податоци можат да се подигнат во Општина Аеродром или да се симнат од веб-страницата на Општината на следниов линк: http://www.aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari.

Барањето може да се поднесе во Архивата на Општина Аеродром секој работен ден во периодот од 08:00 до 16:00 часот, а рокот за поднесување трае до 31. март 2026 година.

Исто така, ве потсетуваме дека рокот за поднесување барање за еднократна парична помош за новороденче родено во 2024 година истекува на 31. март 2025 година.

Со помошта од 8 000 денари за секое новороденче Општина Аеродром има цел да им ги олесни трошоците на родителите, а грижата за најмладите останува еден од нашите врвни приоритети.

 

29.1.2025 година

Општина Аеродром

 

Актуелно

img
img img

Видео