На 8.2.2023 година (четврток) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи триесет и деветтата седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:
1. Предлог-одлука за усвојување на Извештај на централната пописна комисија за извршен попис во Општина Аеродром со состојба на ден 31.12.2023 година
2. Предлог-заклучок за усвојување Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Аеродром за четвртиот квартал од 2023 година
3. Предлог-одлука за одобрување дополнителни финансиски средства на основни училишта и детски градинки на територијата на Општина Аеродром
4. Предлог-одлука за давање на трајно користење на движни ствари (еднократни заштитни ракавици)
5. Предлог-одлука за ставање вон сила на Одлуката за задолжување на раководителот на Одделението за комунални работи и заштита на животната средина на Општина Аеродром за преземање активности со цел регулирање договорни обврски кон вршителите на јавни работи во Општина Аеродром
6. Советнички прашања
2.2.2024
Општина Аеродром
23-12-24
Со гордост најавуваме дека Општина Аеродром е дел од новиот проект за Car Sharing, реализиран како партнерство Владата и компанијата Авант Кар Македонија, со седиште во Словенија. Овој иновативен пилот-проект е дизајниран да го направи патувањето низ градот поекономично, поефикасно и поеколошко.