Преку континуирани инвестиции во опрема обезбедуваме подобри услови за учениците во Аеродром. Ова градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски го потенцираше при посетата на основното училиште „Блаже Конески“ во чии рамки беше промовирана нова опрема со која се овозможува технички унапреден и дигитализиран образовен процес во основното училиште „Блаже Конески“ Станува збор за набавка на опрема која вклучува 4 нови смарт-табли со проектори, 15 преносни компјутери и 1 повеќенаменски фотокопир, овозможена од општествено - одговорна компанија. „Инвестициите од ваков тип продолжуваат и во следниот период. Благодарам за родителите, раководството на училиштето и сите вклучени во овој процес преку коj успеваме да креираме подобра средина во која учениците имаат можност да ги истакнат своите таленти и да ги остварат зацртаните цели“, истакна градоначалникот Муцунски при посетата на основното училиште.
31.01.2024
Општина Аеродром
02-07-24
Откако попладнево почна да дува силен ветер со најава за големо невреме мобилни екипи на Општина Аеродром излегоа на терен и почнаа со расчистување на јавните површини.