В СРЕДА 38. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ

 

На 31.1.2024 година (среда) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи триесет и осмата седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:

 

1.    Предлог-одлука за давање согласност на Одлука за донесување Програма за одржување на јавна чистота и зеленило на јавните површини на територијата на Општина Аеродром за 2024 година на Јавното претпријатие за стопанисување со јавно осветлување на Општина Аеродром

2.    Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на ОА за 2024 година

3.    Предлог-одлука за проширување на средствата во Буџетот на ОА за 2024 година

4.    Предлог-заклучок за усвојување Извештај за извршување на одлуките донесени од страна на Советот на Општина Аеродром, за период од 01.04.2023 година до 31.07.2023 година

5.    Предлог-програма за работа на Советот за период јануари-декември 2024 година

6.    Предлог-одлука за давање на трајно користење на движни ствари-торби за селекција на отпад од пакување

7.    Предлог-одлука за потврдување резервирани средства за надомест во постапка за експропријација за 2024 година

8.    Предлог-одлука за избор на најповолна понуда во постапка за доделување договор за воспоставување на јавно приватно партнерство, за спортски објект – фудбалско игралиште во сопственост на Општина Аеродром

9.    Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој  може да се изврши вклопување на објектот во урбанистичко-планска документација објект бр.1 и објект бр.2 на КП 2982 КО Кисела Вода 2

10. Предлог-одлука за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче на подрачјето на Општина Аеродром  во 2024 година

11. Предлог-заклучок за усвојување Извештај за реализирани активности од областа на образованието во Општина Аеродром за 2023 година

12. Предлог-заклучок за усвојување Извештај за реализирани активности од областа на културата во Општина Аеродром за 2023 година

13. Предлог-заклучок за усвојување Извештај за реализирани активности од областа на спортот во Општина Аеродром за 2023 година

14. Предлог-заклучок за усвојување Извештај за реализирани активности од областа на социјалната и детската заштита во Општина Аеродром за 2023 година

15. Предлог-заклучок за усвојување Извештај за реализирани активности на Општина Аеродром во областа на заштитата и спасувањето на граѓаните и материјалните добра за 2023 година

16. Предлог-програма за измена на Програма (Ј) комунални дејности на подрачјето на Општина Аеродром за 2024 година

17. Советнички прашања

 

25.1.2024

Општина Аеродром

Актуелно

img
img img

Видео