В ПЕТОК 37. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ
На 29.12.2023 година (петок) со почеток во 09:00 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи триесет и седмата седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:
1. Предлог-буџет на Општина Аеродром за 2024 година
2. Предлог-одлука за извршување на Буџетот на Општина Аеродром за 2024 година
3. Предлог-буџетски календар на Општина Аеродром за подготовка на Буџетот на општината за 2024 година
4. Предлог-одлука за утврдување денарски благајнички максимум за 2024 година
5. Предлог-одлука за утврдување девизен благајнички максимум за 2024 година
6. Предлог-одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2024 година
7. Предлог-oдлука за давање согласност на инвестициска програма за одржување на Јавното претпријатие за стопанисување на јавно осветлување и православен крст на општина Аеродром за 2024 година
8. Предлог-одлука за утврдување на бодот за пресметување плата и надоместоци на вработените во ЈП на Општина Аеродром за 2024 година
9. Предлог-одлука за давање согласност на статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Јавното претпријатие за стопанисување на јавно осветлување на Општина Аеродром - Скопје
10. Предлог-програма за планирани активности од областа на образованието во Општина Аеродром за 2024 година
11. Предлог-програма за планирани активности од областа на социјалната заштита и заштита на децата во Општина Аеродром за 2024 година
12. Предлог-програма за планирани активности од областа на културата во Општина Аеродром за 2024 година
13. Предлог-програма за планирани активности од областа на заштитата и спасувањето на граѓаните и материјалните добра во Општина Аеродром за 2024 година
14. Предлог-програма за планирани активности од областа на спортот во Општина Аеродром за 2024 година
15. Предлог-програма за остварување соработка со здруженија и фондации за 2024 година
16. Предлог-програма за доделување спонзорства и донации во Општина Аеродром за 2024 година
17. Предлог-програма на Општина Аеродром во областа на еднаквите можности на жените и мажите во Oпштина Аеродромза 2024 година
18. Предлог-годишна програма за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Аеродром за 2024 година
19. Предлог-програма (Ф) - урбанистичко планирање и уредување на просторот на Општина Аеродром за 2024 година
20. Предлог-одлука за донесување Детален урбанистички план за градска четврт И16, блок 16.03, Општина Аеродром со плански период (2021-2026) површина на опфатот (4,93 ха)
21. Предлог-програма (Ј) - комунални дејности на подрачјето на Општина Аеродром за 2024 година
22. Предлог-програма (Р) – заштита на животната средина и природа на Општина Аеродром за 2024 година
23. Предлог-одлука за задолжување на раководителот на Одделението за комунални работи и заштита на животната средина на Општина Аеродром, за преземање активности со цел регулирање на договорни обврски кон вршителите на јавни работи во Општина Аеродром
24. Предлог-програма за одржување локални улици и патишта на територијата на Општина Аеродром во зимски услови за периодот на 2024 година
25. Предлог-програма за јавни работи на територијата на Општина Аеродром за периодот на 2024 година
26. Предлог-годишен план - Програма за работа на Одделението за инспекциски работи на Општина Аеродром за период од 01.01.2024 година до 31.12.2024 година
27. Предлог-програма (Г) за поддршка на Локалниот економски развој за 2024 година
28. Предлог-одлука за формирање Комисија за изработка на Програма за работа на Советот на Општина Аеродром за 2024година
29. Предлог-одлука за распределба на блок-дотација наменета за детските градинки на територија на Општина Аеродром за 2024 година
30. Предлог-одлука за распределба на блок-дотација наменета за основните училишта на територија на Општина Аеродром за 2024 година
31. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за ослободување од плаќање месечен надоместок за престој на децата во ЈУДГ „Буба Мара“ за одредени категории родители за 2024 година
32. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за ослободување од плаќање месечен надоместок за престој на децата во ЈДГОА „Срничка“ за одредени категории родители за 2024 година
33. Предлог-одлука за доделување на еднократен паричен надоместок за починат член во потесното семејство на ангажирано лице - сезонски работник во Општина Аеродром
34. Предлог-одлука за давање согласност за спроведување постапка за давање во закуп на недвижна ствар – сопственост на Општина Аеродром
25.12.2023
Општина Аеродром