По реакциите од страна на граѓаните на Аеродром, пензионерските здруженија, вработените и родителите на децата кои учат во ООУ „Љубен Лапе“, Општина Аеродром во изминатиот период во неколку наврати оствари комуникација со градската администрација во насока на решавање на проблемот со безбедноста на улицата „Васко Карангелевски“. Безбедноста на граѓаните е најважна и токму поради уште еднаш апелираме и бараме Министерството за внатрешни работи, Градот Скопје и градската администрација да преземат соодветни мерки за ревидирање на сообраќајното решение за улицата „Васко Карангелевски“, во насока на поставување на соодветна сигнализација со која се гарантира безбедноста на пешаците и останатите учесници во сообраќајот. Во оваа прилика уште еднаш ја информираме јавноста дека реализацијата на проектот за улицата „Васко Карангелевски“ е целосна надлежност на градот Скопје и Општина Аеродром нема никаква надлежност во однос на сообраќајниот проект и сообраќајната сигнализација. Во таа насока Општина Аеродром, во текот на денешниот ден, уште еднаш со писмено барање ќе побара надлежните институции да ги преземат потребните активности за решавање на овој проблем.
20.11.2023
Општина Аеродром
16-12-24
Општина Аеродром и Џевахир Мол Скопје ве покануваат на незаборавна предновогодишна забава на 21 декември (сабота) со почеток во 18:30 часот што ќе се одржи пред платото на трговскиот центар каде што ќе настапат врвни македонски ѕвезди.