Аеродром е општина која последните две години забрзано се развива, а големиот број проекти се потврда за континуитетот во реализацијата на инфраструктурните инвестиции. Како дел од последниот циклус инвестиции, кој започна пред неколку месеци, Општина Аеродром реконструираше и пушти во употреба нов велодром, како и пет современи спортски игралишта на три блиски локации во срцето на Аеродром.
23-12-24
Со гордост најавуваме дека Општина Аеродром е дел од новиот проект за Car Sharing, реализиран како партнерство Владата и компанијата Авант Кар Македонија, со седиште во Словенија. Овој иновативен пилот-проект е дизајниран да го направи патувањето низ градот поекономично, поефикасно и поеколошко.