Општина Аеродром ќе добие нов парк од 5.700 квадратни метри во Реонски центар Аеродром, значаен придонес во неговата изведба и уредување ќе биде обезбеден од страна на Шведска, а ќе го спроведе канцеларијата на УНДП.
Шведска претставува најголем билатерален донатор меѓу ЕУ-земјите во нашата држава. Во посета на Аеродром вчера беше шведската амбасадорка Кристин Форсгрен Бенгтсон, која заедно со градоначалникот Тимчо Муцунски направија прошетка низ општината и обиколка на локацијата на која ќе биде поставен овој парк.
Градоначалникот Муцунски на амбасадорката ѝ презентираше некои од врвните приоритети за развој на општината во наредниот период, меѓу кои највисоко место зазема и заложбата за чиста и здрава животна средина.
Оваа заложба се потврдува со тоа што предвидениот парк се наоѓа на локација на која до неодамна беа предвидени градежни маркици за изградба на станбени објекти, а по иницијатива на градоначалникот беа пренаменети во парк кој ќе зафаќа површина од 5.700м2.
1.4.2022
Општина Аеродром
23-12-24
Со гордост најавуваме дека Општина Аеродром е дел од новиот проект за Car Sharing, реализиран како партнерство Владата и компанијата Авант Кар Македонија, со седиште во Словенија. Овој иновативен пилот-проект е дизајниран да го направи патувањето низ градот поекономично, поефикасно и поеколошко.