Избришани се уште три градежни маркици во Реонски центар во Општина Аеродром, со што се спречи изградба на згради на вкупен простор од 13.200 м2.
По предлог на градоначалникот Тимчо Муцунски, Советот на Општина Аеродром на вчерашната седница ја изгласа оваа иницијатива која е во интерес на сите аеродромци.
Политиките што ги презема градоначалникот Муцунски со поддршка на Советот имаат цел да ја спречат бетонизацијата и наместо тоа да се стави акцент на зеленилото и хуманата урбанизација.
Овие чекори ќе продолжат и понатаму. Преку одговорно работење придонесуваме за што повеќе зелени површини во нашата општина.
9.2.2022
Општина Аеродром
29-01-25
Општина Аеродром и годинава доделува еднократна парична помош за новороденчиња во висина од 8 000 денари.