Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, почна да потпишува решенија за легализација на дивоизградените објекти. Со тоа се откочи процесот на легализација на бесправно изградените објекти, кој почна пред повеќе од 10 години. Во Општина Аеродром се поднесени околу 10.000 барања, од кои речиси половина сé уште чекаат завршница.
За да се забрза процесот на завршување на преостанатите предмети, почнавме со нова поефикасна организација на вработените во Секторот за урбанизам, при што граѓаните добиваат можност да остварат директен контакт со службеникот што го води конкретниот предмет, со цел да се комплетира документацијата.
Овој проблем што со месеци не беше спроведен во Општината сега станува минато.
29.11.2021
Општина Аеродром
23-12-24
Со гордост најавуваме дека Општина Аеродром е дел од новиот проект за Car Sharing, реализиран како партнерство Владата и компанијата Авант Кар Македонија, со седиште во Словенија. Овој иновативен пилот-проект е дизајниран да го направи патувањето низ градот поекономично, поефикасно и поеколошко.