Претседателот на Општинската изборна комисија Аеродром, Горан Мојаноски, денеска, 26.10.2021 година, во просториите на Општина Аеродром на Тимчо Муцунски му го врачи уверението за неговиот мандат за градоначалник на Општина Аеродром.
Исто така, на денешното свечено примопредавање беа доделени и решенијата на 27-те членови на новиот Совет на Општина Аеродром и тоа од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „Обнова на Македонија“: Дејан Митески, Милка Тримчевска, Стефан Синасдиновски, Љупчо Ацковски, Сузана Павловска, Оливер Миланов, Антонио Петковски, Маријана Столевска-Тасиќ, Станислав Николовски, Лидија Стаменкова, Бошко Петковски, Валерија Анастасова, Васе Канзуров и Елена Мургоска-Митреска од коалицијата предводена од СДСМ „Најдоброто за мојата општина“: Александар Трајановски, Вангелина Мојаноска, Милутин Ристески, Сузана Делева, Томче Ѓуровски, Љупчо Недески, Даниел Самарџиски, Александра Петровска-Николовска, како и од политичката партија Левица: Дарко Масларковски, Горан Костовски, Марија Тодоровска, Кирил Митановски и Благица Сековска.
Претседателот на ОИК, Мојаноски, на градоначалникот и на советниците им го честита изборот и им посака успешна четиригодишна работа, изразувајќи увереност дека ќе ги вложат своите знаења и со здружена енергија ќе овозможат Аеродром да стане репер за успешна општина.
26.10.2021
Општина Аеродром
11-11-24
Општина Аеродром започнува средби со граѓани на кои ќе се даваат предлози и идеи за креирање на општинскиот буџет за 2025 година.