Околу 200 ученици од осумте основни училишта од Општина Аеродром се вклучија во одбележувањето на Европската недела на спортот, која почна денеска, со цел да се мотивираат граѓаните кон здрав начин на живот преку правилна исхрана, спорт и физички активности.
Проектот насловен како „Европска недела на спорт“, кој стартуваше во 2015 година, оваа година со мотото „Биди активен!“, го прифатија младите од Аеродром преку одбојка и велосипедизам, прифаќајќи да бидат дел од напорите за подигнување на свеста за позитивните ефекти од спортот и физичката активност.
21.9.2021
Општина Аеродром
23-12-24
Со гордост најавуваме дека Општина Аеродром е дел од новиот проект за Car Sharing, реализиран како партнерство Владата и компанијата Авант Кар Македонија, со седиште во Словенија. Овој иновативен пилот-проект е дизајниран да го направи патувањето низ градот поекономично, поефикасно и поеколошко.