Општина Аеродром изврши целосна реконструкција на спортското игралиште што се наоѓа на булеварот „Јане Сандански“ во непосредна близина на кулите Џевахир.
Кошаркарското игралиште доби нова ергономска подлога, која покрај естетскиот изглед, им нуди и безбедно спортување и тренинзи како на професионалните спортисти, дечињата, така и на сите љубителите на спортот, воопшто.
Обновени се и кошевите, а има и рефлектори за негово користење во вечерните часови.
Досега се поставени ергономски подлоги на голем број отворени спортски игралишта, како и во спортскиот центар „Ново Лисиче“.
„Вложуваме во висококвалитетни и современи услови за спорт и рекреација на жителите. Игралиштата на отворено се особено важни за нашите граѓани, кои покажуваат голем интерес за нивно користење. Спортот е еден од најважните фактори на нашето општество, а Аеродром гордо го носи епитетот – спортска општина“, рече градоначалникот Златко Марин.
Општина Аеродром и во наредниот период продолжува со реконструкција на спортските и детските игралишта.
10.8.2021
Општина Аеродром
23-12-24
Со гордост најавуваме дека Општина Аеродром е дел од новиот проект за Car Sharing, реализиран како партнерство Владата и компанијата Авант Кар Македонија, со седиште во Словенија. Овој иновативен пилот-проект е дизајниран да го направи патувањето низ градот поекономично, поефикасно и поеколошко.