Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска оствари работна средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, во просториите на Министерството.
На средбата беа договорени конкретни чекори во форма на акциски план што ќе следуваат во наредниот период.
Притоа беше презентирана работната верзија на стратегијата за рурален развој на Долно Лисиче како составен дел на Стратегиската платформа за локален економски развој на Општина Аеродром, кој опфаќа основање подрачна единица на ресорното министерство во Долно Лисиче.
Во тој контекст ќе се иницира и поддршка на акциони групи (ЛАГ-ови) согласно со Законот за земјоделство и рурален развој. Министерот ја истакна желбата за заемна соработка и најави целосна посветеност за реализацијата на предложената стратегија за рурален развој на Долно Лисиче со преземање директни активности.
Градоначалникот Марин се заблагодари за поддршката и посочи дека подрачната единица е од огромно значење за жителите на Горно и Долно Лисиче кои се занимаваат со овие дејности. Со оваа подрачна единица ќе се доближи ресорното министерство со цел подобрување на условите за работа на тамошното население.
28.5.2021
Општина Аеродром
26-07-24
Општина Аеродром ги поканува граѓаните на свечениот настан што ќе се одржи утре, 27 јули, на кој ќе се испратат коњаниците од Илинденскиот марш до славното Крушево, каде што на 2 август ќе се приклучат кон одбележувањето на големиот празник Илинден.