Денеска претседателката на Советот на Општина Аеродром, Ивана Цветковска, учествуваше на настанот што се одржа во хотелот „Хилтон дабл три“ за промовирање на проектот „Национална платформа за женско претприемништво“, финансиран од ЕУ во рамките на ИПА-програмата за граѓанско општество и медиуми 2018-2019.
„Овој проект е од огромно значење бидејќи придонесува за зајакнување на капацитетот на граѓанските организации во креирањето политики и застапувањето во областа на женското претприемаштво. За таа цел е потребно обединување на сите главни фактори и создавање можности за развој на женското претприемаштво, како и промовирање на жените претприемачи како двигатели на промените во јавната политика на национално и на локално ниво“, изјави претседателката Цветковска.
21.5.2021
Општина Аеродром
16-12-24
Општина Аеродром и Џевахир Мол Скопје ве покануваат на незаборавна предновогодишна забава на 21 декември (сабота) со почеток во 18:30 часот што ќе се одржи пред платото на трговскиот центар каде што ќе настапат врвни македонски ѕвезди.