ЈАВЕН ПОВИК за иницирање развојни проекти во Општина Аеродром
ЈАВЕН ПОВИК
за иницирање развојни проекти во Општина Аеродром
Проектна апликација за изразување интерес
Преку овој јавен повик се очекува да се поттикне соработката со малите и средните претпријатија во и надвор од општината, да се обезбеди поддршка за оние што сакаат да развијат успешен проект, нов или подобрен производ, процес, и/или услуга за жителите на Општина Аеродром. Право на учество имаат сите субјекти со свои проекти/активности. Поддршката ќе биде доделена на проекти што имаат „потврден концепт“ (proof of concept) и јасна амбиција.
Основни критериуми што треба да ги исполнуваат субјектите на овој јавен повик се:
- да се регистрирани согласно со Законот за трговски друштва;
- да се проектни тимови регистрирани како здруженија на граѓани согласно со Законот за здруженија и фондации;
- остварувањето на проектите и дејствувањето да бидат во согласност со Уставот и законите на Република Северна Македонија;
- проектите/проектните активности да кореспондираат со стратегиските документи на Агенцијата.
Активности прифатливи за финансирање:
- активности за истражување и развој;
- развој на пилот-линии/производ/и и/или услуга/и;
- активности што ќе го подобрат животот на жителите во Општина Аеродром во сите сфери на урбаното живеење, локален економски развој, рурален развој, енергетска ефикасност, заштита на животната средина и др.
Секое трговско друштво корисник на финансиската поддршка треба да обезбеди минимум 15 % од вкупниот буџет на проектот.
Времетрањето на проектот треба да биде до 12 (дванаесет) месеци.
Потребна документација што треба да ја достави субјектот:
Пријава за финансиска поддршка – Образец за пријавување за проект/проектна активност.
*Образецот за пријавување можае да се симне од веб-страницата на Општина Аеродром и да се пополни со печатни букви на кирилично писмо, потпишано од управителот на трговското друштво - проектен тим, заверено со печат и штембил.
Задолжителни прилози:
1. Копија од решението за упис и тековна состојба од Централен регистар на Репулика Северна Македонија (не постари од 6 месеци)
2. Електронска верзија на предлог-проектот ЦД
Критериуми за евалуација на предлог-проектот:
- Квалитет и опис на проектот;
- Организациски капацитет на проектниот тим;
- Потенцијал и влијание;
- Соодветни изразени активности во буџетот.
Начин и рокови за доставување на пријавите
Проектната документација треба да биде доставена во затворен плик.
На пликот во горниот лев агол да стои „Не отворај“, а во десниот долен агол да стои „До Одделение за ЛЕР - Јавен повик за трговски друштва и проектни тимови“.
Крајниот рок на поднесување на пријавите е 15 дена од денот на објавување на јавниот повик на општинската веб-страница и во дневните весници.
Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта или исклучиво во архивата на Општина Аеродром на адреса:
Општина Аеродром
Бул.Јане Сандански 109 Б
1000 Скопје
Со назнака : За соработка со проектни тимови и трговски друштва
За дополнителни информации обратете се во Одделението за ЛЕР.
Контакт-лице: Дана Гапковска dana.gapkovska@aerodrom.gov.mk, 02/2401 523.
10.5.2021
Општина Аеродром