Денеска, 9.12.2016 година, во Спортскиот центар „Ново Лисиче“ во истоимената населба во Општина Аеродром стигна нова фитнес опрема, која ќе внесе нови содржини во Фитнес центарот и ќе овозможи значително да се подобрат условите за спортување во овој спортско-рекреативен објект.
Новата опрема содржи 14 справи за кардио и фитнес вежби, меѓу кои ленти за трчање, степери, статични велосипеди, орбитрек, кросовер машини, справи за истегнување и клупи за вежбање на стомачните мускули.
Фитнес центарот „Ново Лисиче“, кој е наменет само за женската популација, со новото руво на корисничките им нуди уникатна средина за полнење со позитивна енергија, ефикасно постигнување физичка кондиција и зацврстување на телото под постојан надзор на фитнес инструктор.
Фитнес центарот во СЦ „Ново Лисиче“ можат да го користат жителките на Општина Аеродром со мал надомест, а повеќе детали и термини може да се добијат на тел. 076 827 529.
Инаку, Спортскиот центар „Ново Лисиче“ беше пуштен во употреба пред 4 години на површина од околу 1.000 квадратни метри на две нивоа со вклучена повеќенаменска спортска сала за кошарка, мал фудбал и одбојка, како и дополнителни сали за фитнес и за пинг-понг, како и со отворено фудбалско игралиште со капацитет за околу 1.000 гледачи.
9.12.2016
Општина Аеродром
16-12-24
Општина Аеродром и Џевахир Мол Скопје ве покануваат на незаборавна предновогодишна забава на 21 декември (сабота) со почеток во 18:30 часот што ќе се одржи пред платото на трговскиот центар каде што ќе настапат врвни македонски ѕвезди.