Деновиве Општина Аеродром склучи договори за изработка на основен проект за нова детска градинка во рамки на објектот „Пчелка 1“, која е клон на „Буба Мара“, како и уште една градинка во рамки на објектот „Буба Мара“ во Ново Лисиче.
Проектната задача за изградба, поточно за реконструкција и доградба на објектот „Пчелка 1“ треба да опфаќа целосна промена на надворешната и внатрешната столарија, целосна реконструкција на сите подови, плафони, внатрешни и надворешни ѕидови, термо-фасада, електротехнички инсталации, инсталации за греење, реконструкција на чајната кујна според правилата на Хасап системот, како и реконструкција на санитарните јазли.
За изградбата на новата градинка во рамки на објектот „Буба Мара“, пак, е планирана површина за градење од приближно 1.000 м2, каде треба да се реализираат минимум 6 занимални, како и санитарни јазли за секоја занимална.
Исто така, при проектирањето на детските градинки ќе се запазат стандардите за енергетска ефикасност, со што ќе се обезбедат потребните услови за предучилишно згрижување на децата.
10.5.2016
Општина Аеродром
23-12-24
Со гордост најавуваме дека Општина Аеродром е дел од новиот проект за Car Sharing, реализиран како партнерство Владата и компанијата Авант Кар Македонија, со седиште во Словенија. Овој иновативен пилот-проект е дизајниран да го направи патувањето низ градот поекономично, поефикасно и поеколошко.