Основни училишта
ООУ „Димитар Македонски“ се наоѓа во населбата Лисиче, општина Аеродром - Скопје. Основано е во 1964 година како донација од Република Франција, по катастрофалниот земјотрес во Скопје 1963 година. Во 2022 година училиштето функционира во нов објект, опремен со наставни средства што овозможуваат реализација на наставата на иновативен и современ начин.
Патронот Димитар Македонски (1847-1898) е просветител, учебникар, публицист, борец за национални и црковни права на македонскиот народ во 19 век. Роден е во Егејска Македонија, образованието го завршил во Белград, а во Цариград совладал повеќе странски јазици со што станал полиглот, нешто што било вистинска реткост, но и богатство за македонскиот народ во тоа време. Трагично загинал во 1898 година во Цариград.
Површина на дворот: 8.471 m²
Површина на објектот: 3.296 m²
Тип образовна институција
Основно училиште
Населба
Лисиче
Адреса
Ул.„Ѓуро Малешевац“ бр.2,Аеродром- Скопје, Лисиче
Е-маил
Веб-страница
http://www.oudimitarmakedonski.edu.mk/
Телефон
2440-011
ВД Директор
Марина Спасовска
Број на наставници
48
Број на ученици
544
Извештај за самоевалуација на ООУ Димитар Македонски 2019 - 2021
Извештај за самоевалуација на ООУ Димитар Македонски 2022 - 2023
16-12-24
Општина Аеродром и Џевахир Мол Скопје ве покануваат на незаборавна предновогодишна забава на 21 декември (сабота) со почеток во 18:30 часот што ќе се одржи пред платото на трговскиот центар каде што ќе настапат врвни македонски ѕвезди.