В СРЕДА 6. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ
На 25.2.2026 година (среда) со почеток во 12:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 6. седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:
1. Предлог-одлука за прифаќање Иницијатива за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објект со намена Г3.1 -автомобилски сервиси на КП 856 и КП 857 КО Долно Лисиче вгр, Општина Аеродром
2. Предлог-одлука за прифаќање Иницијатива за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г3.1 – Индустриски сервиси, сервиси за одржување моторни возила, сервис за ремонт на шински возила, сервиси за земјоделска и градежна механизација на дел од КП 1250 КО Долно Лисиче – Вон Град Општина Аеродром
3. Предлог-одлука за давање согласност на тримесечен извештај (октомври, ноември и декември 2025 година) за финансиското работење на Јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром
4. Предлог-заклучок за усвојување Извештај за реализирани активности од областа на образованието за 2025 година
5. Предлог-заклучок за усвојување Извештај за реализирани активности од областа на спортот во Општина Аеродром за 2025 година
6. Предлог-заклучок за усвојување Извештај за реализирани активности од областа на социјалната и детската заштита и заштита и спасување во Општина Аеродром за 2025 година
7. Предлог-заклучок за усвојување Извештај за реализирани активности од областа на културата во Општина Аеродром за 2025 година
8. Предлог-заклучок за усвојување Извештај за реализирани активности на Општина Аеродром во областа на заштитата и спасувањето на граѓаните и материјалните добра за 2025 година
9. Предлог-одлука за престанување на Јавното претпријатие за управување со развојни проекти на Општина Аеродром
10. Предлог-одлука за овластување на в.д. директорот на Јавното претпријатие за управување со развојни проекти на Општина Аеродром да поднесе пријава заради упис во трговскиот регистар на Одлуката за престанување на Јавното претпријатие
11. Предлог-одлука за утврдување бесправни објекти за кои може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект бр.10 и објект бр.11 на КП 1312 КО Кисела Вода 2)
12. Предлог-програма за измена на програмата (Ј) комунални дејности на подрачјето на Општина Аеродром за 2026 година
13. Предлог-програма (Р) за измена на програма (Р) заштита на животната средина и природа на општина аеродром за 2026 година
14. Предлог-одлука за примање донација од страна на Сашо Богдановски за изработка на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на пристапен пат
15. Предлог-одлука за проширување на средствата во буџетот на ОА за 2026 година
16. Советнички прашања
19.2.2026 година
Општина Аеродром