В ПЕТОК 5. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ
На 30.1.2026 година (петок), со почеток во 12:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 5. седница на Советот на Општина Аеродром.
На дневен ред се следниве точки:
1. Предлог-програмаза работа на Советот на Општина Аеродром за периодот јануари-декември 2026 година.
2. Предлог-одлука за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче на подрачјето на Општина Аеродромво 2026 година.
3. Предлог-одлука за одобрување дополнителни финансиски средства на основните училишта на територијата на Општина Аеродром.
4. Предлог-одлука за давање согласност за примање на трајно користење на движни ствари од страна на Агенција за цивилно воздухопловство на Општина Аеродром.
5. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект наКП 826 и КП 832/1КО Кисела Вода 2).
6. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација(објект бр. 8,објект бр. 9 и објект бр. 10 на КП 3815/3 КО Кисела Вода 2КО Кисела Вода 2).
7. Предлог-одлука за давање спонзорство на Друштвото за спортски дејности Кошаркарски клуб „МЗТ Скопје“ Аеродром АД Скопје за 2026 година.
8. Предлог-одлука за разрешување и именување членови на Надзорниот одбор за контрола на матeријално-финансиско работење на Јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром, Скопје.
9. Предлог-одлука за разрешување и именување членови на Управниот одбор на Јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром, Скопје.
10. Предлог-програма за дополнување на Програмата за планирани активности од областа на социјалната заштита и заштита на децата во Општина Аеродром за 2026 година.
11. Предлог-програма за дополнување на програмата за планирани активности од областа на образованието во Општина Аеродром за 2026 година.
12. Предлог-одлука за прифаќање Иницијатива за изработка на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г3.1 –Индустриски сервиси,сервиси за одржување моторни возила, сервис за ремонт на шински возила, сервиси за земјоделска и градежна механизација на дел одКП 1250 КО Долно Лисиче – вон град, Општина Аеродром.
13. Предлог-одлука за прифаќање Иницијатива за изработка на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објектсо намена Г3.2–сервис за машини на дел од КП 2832/2 – КО Горно Лисиче вон град – Општина Аеродром/
14. Предлог-одлука за ослободување од плаќање надоместоци за уредувањеградежно земјиште за млади по барање бр.09-438/1 од 09.12.2025 година.
15. Предлог-одлука за измена на Одлуката за именување член на Училишниот одбор на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“.
16. Советнички прашања
23.1.2026 година
Општина Аеродром