В ПЕТОК 4. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ

На 26.12.2025 година (петок) со почеток во 12:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 4. седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:

 

1.   Предлог-план за измена на планот на програмите за развој за период 2026-2028 година

2.    Предлог-буџет на Општина Аеродром за 2026 година

3.    Предлог-одлука за извршување на Буџетот на Општина Аеродром за 2026 година

4.    Предлог-буџетски календар на Општина Аеродром за подготовка на буџетот на Општината за 2026 година

5.    Предлог-одлука за утврдување денарски благајнички максимум за 2026 година

6.    Предлог-одлука за утврдување девизен благајнички максимум за 2026 година

7.    Предлог-одлука за распределба на блок-дотација наменета за основните училишта на Општина Аеродром за 2026 година

8.    Предлог-одлука за распределба на блок-дотација наменета за детските градинки на Општина Аеродром за 2026 година

9.    Предлог–одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните  службеници за 2026 година

10. Предлог–одлука за давање согласност за склучување Анекс бр.1 кон  Договор за закуп на деловен простор

11. Предлог-одлука за давање согласност на Инвестициска програма на јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром за 2026 година

12. Предлог-одлука за давање согласност Одлука за донесување Програма за одржување на јавната чистота и зеленилото на јавните површини на територијата на Општина Аеродром за 2026 година на Јавното Претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром

13. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување плата и надоместоци на вработените во ЈП на Општина Аеродром за 2026 година

14. Предлог–програма за планирани активности од областа на образованието во Општина Аеродром за 2026 година

15. Предлог–програма за планирани активности од областа на социјална заштита и заштита на децата во Општина Аеродром за 2026 година

16. Предог–програма за планирани активности од областа на културата во Општина Аеродром за 2026 година

17. Предлог–програма на Општина Аеродром во областа на еднаквите можности на жените и мажите  во Општина Аеродром за 2026 година

18. Предлог–програма за планирани активности од областа на заштитата и спасувањето на граѓаните и материјалните добра во Општина Аеродром за 2026 година

19. Предлог–програма за активности на Општина Аеродром за ревитализација по елиминирање на кризи во областа на заштита и спасување во 2026

20. Предлог–програма за планирани активности од областа на спортот во Општина Аеродром за 2026 година

21. Предлог–програма за остварување соработка со здруженија и фондации за 2026 година

22. Предлог–програма за доделување спонзорства и донации во Општина Аеродром за 2026 година

23. Предлог-годишен план за работа на Секторот за инспекциски работи на Општина Аеродром за 2026 година

24. Предог-програма за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Аеродром за 2026 година

25. Предлог-програма Ф-урбанистичко планирање и уредување на просторот на Општина Аеродром за 2025 година

26. Предлог-програма (Р) – заштита на животната средина и природа на Општина Аеродром за 2026

27. Предлог-програма (Ј)- комунални дејности на подрачјето на Општина Аеродром за 2026 година

28. Предлог-програма за одржување локални улици и патишта на територија на Општина Аеродром во  зимски услови за периодот на 2026 година

29. Предлог-одлука за формирање Комисија за изработка на Програма за работа на Советот на Општина Аеродром за 2025 година

30. Предлог-програма (Г) за поддршка на локалниот економски развој за 2025 година

31. Предлог-одлука за именување на член на Училишниот одбор на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“

32. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на износот на надоместокот на трошоците за престој на деца што паѓа на товар на родителите на ЈУДГ “Буба Мара“

33. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на износот на надоместокот на трошоците за престој на деца што паѓа на товар на родителите на ЈДГОА “Срничка“

34. Предлог-одлука за примање донација на прочистувачи на воздух од страна на ЕЦОТИП

35. Предлог-одлука за давање согласност за спроведување постапка за закуп на урбана опрема - покриен шанк во површина од 118,76 м2- сопственост на Општина Аеродром

36. Предлог-одлука за изменување и дополнување на одлуката за комунален ред и мерки за нејзино спроведување на подрачјето на Општина Аеродром

37. Предлог-одлука за измена на Одлуката за именување командант и членови на Штабот за заштита и спасување за подрачјето на Општина Аеродром

38. Предлог-заклучоци против дезинформациите за  мигрантски кампови и политичките манипулации

 

22.12.2025 година

Општина Аеродром

 

Актуелно

img
img img

Видео