Општина Аеродром изрече парична глоба од 1 000 евра за правно лице и 300 евра за управителот на истата фирма поради прекршување на Законот за јавна чистота.
Санкциите следат по извршена контрола, при што инспекциските служби утврдија дека од градилиште во непосредна близина на ПС Аеродром во Ново Лисиче во сообраќај се вклучувале возила со валкани гуми, со што директно се нарушува чистотата на животната средина и се прекршуваат законските одредби.
Општина Аеродром потсетува дека ваквите прекршоци се недозволиви и дека ќе се санкционираат строго и без исклучок.
Во наредниот период, Општина Аеродром, покрај редовните, најавува и засилени контроли на сите активни градилишта. Контролите ќе бидат насочени кон тоа дали се почитуваат сите мерки за заштита на животната средина, дали се преземаат обврските за спречување на загадувањето, дали се одржува јавната чистота на градилиштата и дали се избегнува узурпација на јавните површини при градежните активности.
Општина Аеродром упатува апел до сите правни и физички лица да ги почитуваат законите и прописите, затоа што само така можеме заеднички да обезбедиме чиста, здрава и безбедна средина за сите жители.
Општина Аеродром останува посветена на редот, хигиената и квалитетот на живот во урбаната заедница.
3.12.2025 година
Општина Аеродром
10-12-25
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска извршија увид во градежните активности за целосна реконструкција и уредување на првиот мултифункционален центар во Ново Лисиче.