В ПЕТОК ПРВА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ
На 14.11.2025 година (петок) со почеток во 12:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи првата (конститутивна) седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:
1. Предлог-одлука за избор на Комисија за Верификација на мандатот на членовите на Советот на Општина Аеродром
2. Предлог-одлука за Верификација на мандатот на членовите на Советот на Општина Аеродром
3. Предлог-одлука за избор на Претседател на Совет на Општина Аеродром
4. Предлог-одлука за избор на претседател и членови на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања на Советот на Општина Аеродром
5. Предлог-одлука за избор на претседател и членови на комисии на Советот на Општина Аеродром
6. Предлог-одлука за утврдување на надоместок на членовите и на Претседателот на Советот на Општина Аеродром за седници на Советот
7. Предлог-заклучок за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на ОА за третиот квартал од 2025 година
8. Предлог Одлука за измена на Одлуката за одобрување дополнителни финансиски средства на основни училишта и детски градинки на територијата на Општина Аеродром
9. Предлог-план за измена на планот на Програмите за развој за период 2025-2027 година
10. Предлог-одлука за измена и дополнување на Буџетот на Општина Аеродром за 2025 година
11. Предлог-програма за измена на Програмата за планирани активности од областа на социјалната заштита и заштита на децата во Општина Аеродром за 2025 година
12. Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за планирани активности од областа на образованието во Општина Аеродром за 2025 година
13. Предлог-план на програми за развој за период 2026-2028 година
14. Предлог-одлука за давање согласност на тримесечен извештај (јули, август и септември 2025 година) за финансиско работење на Јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром
10.11.2025 година
Општина Аеродром