На 27.8.2025 година (среда) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 60. седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:
1. Предлог-заклучок за усвојување Извештај за работа на ПСОН „Аеродром“ за првите шест месеци од 2025 година
2. Предлог-одлука за давање согласност на тримесечен извештај (април, мај и јуни 2025 година) за финансиското работење на Јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром
3. Предлог-одлука за давање согласност на Одлука за донесување на Годишен план за вработување на Јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром за 2026 година
4. Предлог-заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Аеродром за вториот квартал од 2025 година
5. Предлог-заклучок за усвојување годишни извештаи за работата на основните училишта на територијата на Општина Аеродром за учебната 2024/2025 година
6. Предлог-одлука за донесување годишни програми за работата на основните училишта на територијата на Општина Аеродром за учебната 2025/2026 година
7. Предлог-oдлука за давање согласност за запишување поголем број деца во воспитните групи на ЈУДГ „Буба Мара“
8. Предлог-oдлука за давање согласност за запишување поголем број деца во воспитните групи на ЈДГОА „Срничка“
9. Советнички прашања
20.8.2025 година
Општина Аеродром
07-10-25