„Со голема радост и задоволство можам да најавам дека во основното училиште „Гоце Делчев“ започнавме со изградба на ново кошаркарско игралиште, што претставува значаен исчекор во развојот на спортската инфраструктура во нашата општина“, изјави в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, за време на денешната посета на училиштето во Горно Лисиче.
Новото игралиште, чија изградба се очекува да заврши пред почетокот на новата учебна година, претставува современ простор што ќе им овозможи на учениците и на љубителите на спортот да ги развиваат своите спортски вештини, особено во кошарката, но и да учествуваат во различни спортски активности што промовираат здрав начин на живот, тимска работа и личен развој.
Покрај изградбата на нов спортски терен, во училиштето се вршат и инвестициски активности поврзани со реновирање на училишната зграда, како и опремување на училниците со нов канцелариски мебел со цел да се подобрат условите за настава.
Овие мерки се дел од стратегијата за создавање современа и функционална образовна средина, каде што наставниците и учениците ќе имаат соодветни и современи услови за квалитетна работа и учење.
Вложувањето во образованието и спортот е најдобрата инвестиција во иднината на нашата заедница. Продолжуваме да ги поддржуваме младите генерации преку обезбедување услови за целосен развој и остварување на нивниот потенцијал, како во училницата, така и на спортскиот терен.
12.8.2025
Општина Аеродром
07-08-25
Денеска, в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, го потпиша договорот за изградба на новиот објект на градинката „Пчелка 1“, најстарата градинка во Општина Аеродром.