Општина Аеродром го добива првиот Центар за поддршка на ученици со попреченост во рамките на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“.
Денеска в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, и директорката на ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“, Марија Делетиќ, потпишаа договор за воспоставување на Центарот и обезбедување на стручни кадри за работа со учениците.
Центарот ќе започне со работа на почетокот на новата учебна година, а ќе може да го посетуваат ученици од сите училишта во општината, според утврден распоред.
Отворањето на овој Центар претставува голем чекор за унапредување на инклузивното образование и можност за еднаков пристап до соодветна поддршка за учениците со попреченост.
Со оваа иницијатива, Општина Аеродром ја докажува својата посветеност за обезбедување на оптимални услови за современ и инклузивен пристап во образованието и останува отворена за соработка со сите институции.
6.8.2025 година
Општина Аеродром
06-09-25
Со реки посетители и фантастична атмосфера, вчера официјално започна првиот AERO Street Food Festival во парк „Авионче“ – Аеродром. Од првиот момент се почувствува енергијата на скопската публика која со голем интерес дојде да ужива во богатата понуда на улична гастрономија, свежи вкусови и урбана забава.